Флора

Во ПП Езерани досега се регистрирани над 147 видови од васкуларните растенија (папрати и цветници) меѓу кои и такви кои имаат ограничено распространување во Р.С. Македонија. Така на пример, инсективорното растение воденичарче (Aldrovanda vesiculosa) во Р.С. Македонија е забележано само во ПП Езерани. Од другите ретки видови треба да се споменат и водната папрат Salvinia natans и водниот костен (Trapa natans) кои се заштитени со Бернската конвенција. Меѓу ретките растителни видови во ПП Езерани треба да се вбројат и 48 видови ендемични дијатомејски алги, од кои 15 се среќаваат само во Преспанското Езеро додека другите го населуваат и Охридското Езеро.