Клима
Климата во општината е умерно-континентална, со медитеранско влијание преку клисурата Грло на југозапад од Малото Преспанско Езеро и преку планинскиот превој Превтис на југозападниот дел од Мала Преспа. Тоа условува топли лета со свежи ноќи и благи зими. Просечната годишна релативна влажност на воздухот изнесува 64 %.
Поголемиот дел од оваа е котлина под водата на Преспанското Езеро, кое во одредена мера се јавува како климатски модификатор на својата околина. Езерото се наоѓа на надморска височина од 850 m, и претставува терморегулатор за околниот воздух, посебно на температурата на воздухот во зимските месеци и тоа во декември и јануари. Просечната годишна температура изнесува 10,2 °C, со најтопол месец јули со просечна месечна температура од 21 °C, минимална вредност од 0,3 °C во месец јануари. Преспанската котлина се одликува со долготрајно сончево зрачење и просечната годишна сума изнесува 1 400 до 2 600 часови. Маглата во Преспанското подрачје е ретка појава, главно поради честото проветрување и присуство на големите езерски водени површини.
Хидролошкиот и метеоролошкиот надзорен мониторинг бил спроведен според Законот за Хидро-метеоролошки работи, Законот за води и програмата за заштита на Охридското, Преспанското и Дојранското Езеро.
Метеоролошката/Климатолошката мрежа се состои од една климатолошка станица (Ресен), една метеоролошка станица (Претор) и седум мерни станици за мерење на интензитетот на врнежите. Климатолошката станица во Ресен е основана во 1947 година како станица за мерење на интензитетот на врнежите и како таква функционирала меѓу 1980 и 1993 година. Метеоролошката станица во Претор е основана во 1980 година како полигон за превенција од поројни дождови (град), кадешто се вработувале експерти кои ги мониторирале метеоролошките параметри. Седум станици за мерење на интезитетот на врнежите се распоредени на следниов начин: пет од нив на крајбрежните делови на Преспанското Езеро – Стење, Царев Двор, Перово, Асамати и Наколец и две на поголема надморска височина (Избишта и Брајчино). Овие мерни станици ја регистрираат состојбата на плувиографскиот режим на крајбрежните делови на преспанското Езеро како и на површината на самото езеро. Нема достапни информации за повисоките делови на сливот.
Климатолошки параметри – МС „Претор“(период 1991-2010)
| Месец | Јануари | Февруари | Март | Април | Мај | Јуни | Јули | Август | Септември | Октомври | Ноември | Декември | Год. |
|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
| Температура [C] | 1,8 | 2,4 | 5,5 | 9,6 | 14,7 | 18,7 | 21,3 | 21,1 | 16,5 | 12,3 | 7,4 | 3,1 | 11,2 |
| Врнежи [mm] | 40,0 | 52,2 | 41,0 | 52,9 | 40,1 | 26,6 | 24,7 | 23,4 | 57,1 | 69,0 | 67,8 | 75,5 | 570,4 |
| Влажност на воздухот H [%] | 72 | 67 | 63 | 63 | 64 | 62 | 57 | 56 | 63 | 69 | 70 | 73 | 65 |
| Инсолација SI [часови] | 112,2 | 130,1 | 176,6 | 173,3 | 329,6 | 275,2 | 321,4 | 309,5 | 221,9 | 174,2 | 118,2 | 85,5 | 2427,6 |
| Ветрови [m/s] | 1,4 | 1,7 | 1,9 | 1,7 | 1,2 | 1,3 | 1,4 | 1,4 | 1,6 | 1,3 | 1,4 | 85,5 | 1,5 |
| Суша index - DI | 40,8 | 50,5 | 31,7 | 32,5 | 19,5 | 11,1 | 9,5 | 9,0 | 25,9 | 37,2 | 46,8 | 69,1 | 26,9 |
| Месец | Јануари | Февруари | Март | Април | Мај | Јуни | Јули | Август | Септември | Октомври | Ноември | Декември | Годишно |
|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
| Асамати | 57,14 | 60,91 | 51,36 | 47,60 | 61,24 | 33,07 | 30,96 | 28,99 | 41,08 | 67,38 | 91,62 | 63,74 | 625,01 |
| Стење | 89,45 | 88,02 | 79,86 | 75,97 | 67,81 | 36,24 | 34,88 | 33,59 | 58,74 | 102,85 | 126,64 | 113,41 | 873,68 |
| Избишта | 83,63 | 91,14 | 69,46 | 63,38 | 69,16 | 41,75 | 32,29 | 33,23 | 52,00 | 88,89 | 112,55 | 95,91 | 821,89 |
| C. Двор | 61,03 | 54,53 | 49,97 | 44,09 | 50,40 | 30,55 | 28,84 | 27,79 | 45,05 | 65,05 | 85,87 | 73,80 | 611,51 |
| Наколец | 51,77 | 57,83 | 44,95 | 42,00 | 54,06 | 34,06 | 25,56 | 34,45 | 44,13 | 60,10 | 73,34 | 60,02 | 571,77 |
| Брајчино | 59,23 | 67,06 | 51,68 | 57,30 | 68,63 | 41,79 | 41,14 | 34,67 | 51,81 | 71,03 | 84,19 | 71,94 | 684,30 |
| Ресен | 71,54 | 73,52 | 55,57 | 50,83 | 67,09 | 36,79 | 26,33 | 25,69 | 47,33 | 72,96 | 104,61 | 75,57 | 707,82 |
| Претор | 39,99 | 52,18 | 41,04 | 52,94 | 40,11 | 26,58 | 25,96 | 24,66 | 57,14 | 72,60 | 67,84 | 75,52 | 570,37 |
| Вкупно | 64,2 | 68,1 | 55,5 | 54,3 | 59,8 | 35,1 | 30,7 | 30,4 | 49,7 | 75,1 | 93,3 | 78,7 | 683,3 |
Изохиетска карта
Специфичните орографски карактеристики кои имаат влијание на динамичните климатски фактори, заедно со влијанието на географските и локалните фактори, креираат три различни климатски типови низ целиот слив: топло и ладно субмедитеранско (850 ÷ 1 100 m н.в.); субпланинско и планинско субмедитеранско (1 100 ÷ 1 650 m н.в.) и субалпско и алпско климатско подрачје (1 650 ÷ 2 420 m н.в.). Годишната просечна температура е релативно ниска (T = 9,6 0C; Tmax = 37,0 0C – 06.07.1988; Tmin = -26.5 0C – 14.01.1968). Специфичната локална топла континентална клима е резултат на релјефот, височината, флуктуацијата на нивото на водата на Преспанското езеро и слабото влијание на Медитеранската клима. Големото и Малото Преспанско Езеро се опремени со вкупно 13 станици за мерење на интензитет на врнежи (7 во Македонија) при што мора да се спомене дека повеќето од нив се во функција и денес. Вообичаено е месечните врнежи да достигнуваат највисок процент во Ноември, додека во текот на летото помеѓу Јуни и Јули нивниот интензитет е најмал. Од Септември до Ноември интензитетот на врнежите сигнификантно се зголемува, додека во периодот од Јануари до Мај истите осцилираат околу покачени нивоа на интензитет. Генерално источните и јужните мерни станици покажуваат вредности помеѓу 600 и 700 mm/год. Од друга страна, на север и на запад врнежите се застапени со нешто поголем интензитет 700 и 930 mm/год. Имајќи предвид дека не постои мерна станица на високите планински делови, според изохиетските мапи креирани од AHMA, годишниот интензитет на врнежите во овие региони достигнува до 1 050 mm.
Вредностите во табелата ги покажуваат врнежите само во пониските делови на Преспанскиот регион. Сметајќи дека врнежите во повисоките планински делови се поголеми дефинирани се вредностите, врз база на исохиетските мапи.
Средно месечна сума на врнежи во Преспанскиот регион
Климатолошки и хидролошки станици во Преспанскиот регион
Хидролошкиот мониторинг систем се состои од работата на хидролошките станици на реките и езерата. Езерските станици чија задача е да го мерат нивото и температурата на водата биле основани во 1935 година (Стење), 1948 (Асамати) и 1954 (Наколец). Секоја од нив е опремена со уреди за мерење на нивото на водата. Надворешни соработници се одговорни за мониторирање на нивото на температурата на водата во езерото. Многубројни прекини во работата и дисконтинуитет на мониторингот се случувале во овие мерни станици, особено во текот на Втората Светска војна. Хидролошката станица “АСАМАТИ” прекинала со работа кратко после 1990 година. Речните станици се лоцирани на Голема река (2) и Брајчинска река (1). Хидролошката станица “Ресен” започнала со работа во 1947 година и оттогаш работи со неколку интермедиерни прекини како резултат на големите промени во речното корито. Обезбедувајќи неискористени хидролошки информации, оваа станица престанала со работа кон крајот на осумдесетите години. Хидролошката станица “Лева Река” била отворена во 1986 на Лева Река (притока во горниот тек на Голема Река) како алтернатива на хидролошката станица “Ресен”. Истовремено се вршени мерења на протокот на двата локалитети. Станицата е опремена единствено со гореспоменатите уреди и надворешен соработник за дневни мерења на нивото на водата. Хидролошката станица “Брајчино” започнала со работа во 1964 година во селото Брајчино и работи континуирано до ден денес. Распределба на оваа станица била направена во 1986 година, поместувајќи се возводно инсталирајќи автоматски инструмент за регистрирање на нивото на водата, наречен “лимнограф”.
Нивото на водата во Преспанското Езеро покажува значајни осцилирања. Највисока вредност била достигната за време на поплавата во 1963 година со 853,4 m н.в., што одговара на езеро со површина од околу 280 km². Отогаш нивото на водата е спуштено до отприлика 844,65 m н.в.со најголемо опаѓање меѓу 1986 и 1991 година. Последните најниски детектирани вредности за нивото на водата биле обсервирани во 2002 година со точно 844,5 m н.в. Охридското Езеро се излива во реката Црн Дрим, која понатаму се влива во Јадранското Море. Од 1962 година водата што истекува од Охридското Езеро е контролирана од локалната самоуправа на градот Струга со поставување на брана. Оперативноста со оваа структура е регулирана од потребите на хидроцентралите и потребата да се одржува нивото на водата во езерото на прифатливо оптимално ниво. Според континураните мерења (1982÷2001), просечниот истек на езерото е Q = 21 m³/s.
Нивото на вода во Големото Преспанско езеро
Резултатите од врнежите според моделот runoff за периодот од 54 години почнувајќи од 1951 до 2004 се сумирани во табелата за четирите подсливни подрачја. Прикажаните специфични празнења ги рефлектираат хидрографските карактеристики на истражуваните подсливни подрачја. Резултатите за Јужниот грчки подслив се потврдени и со резултатите од грчкиот модел. Поврзаноста меѓу истеците на подсливните подрачја исто така е потврдено од “CORINE Land Use Classification” коешто било спроведено на Универзитетот во Скопје. Од оваа анализа може да биде заклучено дека згуснувањето на шумската покривка ги редуцира специфичните истеци, доколку останатите параметри се константни. Ова е потврдено со општо искуство.

| Под-слив | Површина [km²] | Средно годишно истекување [m³/s] | Средно годишно специфично истекување [l/s/km²] |
|---|---|---|---|
| Источен | 270,9 | 3,6 | 13,4 |
| Северен | 320,0 | 4,6 | 14,2 |
| Западен | 247,6 | 2,4 | 9,7 |
| Јужен | 218,9 | 2,5 | 11,4 |
Издвоени подсливови според истеците

