Преспанска храна – риба, јаболка и домашно готвење

Преспанската храна е едноставна, свежа и домашна. Рибата доаѓа од езерото: преспанскиот крап и белвицата (преспанска плашица), риба што живее само во Преспа. Јаболката и другото овошје доаѓаат од овоштарниците во котлината. Во селата Стење, Долно Дупени, Брајчино, Претор и Љубојно семејствата готват за гостите: ѓомлезе, питулици, гравче-тавче, циронки, пити и мармелади од јаболка.

Сакате регионална храна? Посетете некој од рестораните околу езерото. Сакате да готвите дома? Пробајте некој од нашите рецепти подолу.

Ресторани по села

  • Стење: Рибни специјалитети: белвица, рибја чорба и циронки (Мали Рај); белвица, крап и циронки (Хотел Рива). Работат цела година.
  • Претор: Неколку ресторани покрај плажата. Традиционални јадења по нарачка.
  • Крани: Ресторани во Хотел МВР и во кампот Капри, со традиционална и национална кујна.
  • Сливница: Ресторани на плажа во Цоца и Connect beach.
  • Отешево: Ресторан Лејквју со летна бавча, работи цела година.
  • Долно Дупени: Ресторан Маркова Нога, работи цела година, и летен бар на плажа.
  • Брајчино: Раскрсница, ресторан во стар рурален стил. Работи со претходна најава – ве молиме јавете се однапред.

Огладнивте? Најдете селски ресторан во близина или контактирајте нè за совет каде да јадете.