Гастрономија / Преспански питулици

Преспански питулици

Состојки: 1) 1 кг брашно; 2) 1 l вода; 

3) 1 квасец; 4) 1 лажиче шеќер; 5) 1 лажиче сол.

Подготовка: По мешање на брашното, водата, квасецот, сол и шеќер, смесата се остава додека тестото не нарасне. Се подготвува со вадење на тестото со лажица и истурање во загреана тава или скара.

Питулиците потоа се ставаат во тава една над друга. Тие се служат со лук и ореви, мед и ореви или со сирење.