Стење

На западниот брег на Преспанското Езеро, во подножјето на планината Галичица , на самата граница со Република Албанија, се наоѓа селото Стење. 

Самите жители сметаат дека нивното село името го добило по стените кои го надвисувале на неговата првобитна локација.

Неколку километри од Стење, во карпите високи три метри гостите можат да ја видат фреската на света Петка. Селаните велат дека фреската е таму откако памтат за себе, а според легендите, ја поставил рибар што се спасил од бура. Тој видел светлина и успеал да дојде до местото од каде што доаѓала. На тоа место поставил икона на светицата што го спасила. Стење преставува природна и културна ризница на Преспа со голем број на цркви и археолошки наоѓалишта. 

Селото Стење на секој посетител му ги нуди своите благодети, убавата клима, езеро поволно за капење и риболов, убава песочна плажа, питома и убава околина погодна за прошетки и секако гостопримливи домаќини.

Археолошки локалитети

Кула – средновековна тврдина,

Лозјата – населба од неолитското време,

Певчиња – населба и некропола од римско време,

Четкарица – населба од доцноантичкото време и

Трафостаница средновековна некропола.

Св. Атанас - црква од старохристијнско време;

Цркви

Црква „Св. Атанас“ - црква од 16 век; се наоѓа на еден километар јужно од селото. Потекнува од пост-византискиот период, сочуван е дел од живописот.

Црква „Св. Кирил и Методиј“ - е селска цркава со трикорабна градба и полукружна апсида. Изградена е во 1911 година, нема живопис, а иконостасот е од поново време.

Црква „Воведение на Пресвета Богородица“

Црква „Св. Никола“ - најнова црква. Поставен камел темелник во јуни 2013 година