Туристички-локации / Подмочани
Подмочани
Подмочани се наоѓа во источниот дел на територијата на Општината Ресен, на патот којшто води од Ресен за Љубојно, а чии што атар се издига до сртот на планината Пелистер, каде што се допира со просторот на општината Цапари. Името на селото доаѓа од составот „под моч“, што значи место што се наоѓа под мочуриште (моч).
Селото Подмочани за првпат се споменува кон крајот на 18-от и почетокот на 19-от век. Така кога се градела црквата Свети Ѓорѓи во 1818 година селото имало околу 12 фамилии. Во книгата на Ангел Димов од податоците до 1912 година издадена пишува дека било едно од најголемите села во регионот – поради тоа, жителите и најмногу страделе за време на Илинденското востание во 1903 година. Се вели дека биле запалени сите 101 куќа и училиштето во селото, а многу жители ги изгубиле животите.
Во селото работи и приватниот Етнолошки музеј, со една од најголемите приватни колецкии на артефакти и народни носии во државата.
Цркви
- Црква „Св. Ѓорѓи“ - главната селска црква;
- Црква „Св. Петка“ - се наоѓа во месноста Лековита Вода;
- Црква „Св. Петар и Павле“ - црква на ридот Подмочанска Горица;
Археолошки локалитети
Грнчарско Селиште - црква од среден век;
Кирејца - населба од доцноантичко време;
Горно Дрмче - осамен наод од доцноантичко време;
Св. Ѓорѓи - некропола од римско време;
Арапски Гробишта - населба и топилница од доцноантичко време;
Горици - населба од римско време;

