Туристички-локации / Плажа Долно Дупени

Плажа Долно Дупени

На 34 километри од градот Ресен, во подножјето на Баба Планина, на само неколку стотини метри од Преспанското езеро, се наоѓа селото Долно Дупени кое е вистински рај за туристите. Најголемиот број на посетители кои доаѓаат во селото ја користат и локалната плажа „Дупени Бич“. Плажата има ситен песок, места за освежување и храна и е вистинско уживање за туристите и посетителите. Жителите ја нарекуваат и „плажа на вљубените“, а опремена е со сламени чадори, дрвени маси и столчиња и терен за одбојка, а од кафулето може да се гледа прекрасното зајдисонце. Плажата „Дупени Бич“ се наоѓа на 2 километри од граничниот премин „Маркова нога“ кој иако не е во функција привлекува голем број на посетители. Согласно политичкиот договор помеѓу Македонија и Грција планирано е овој граничен премин да биде активен до 2024, што значи дека во селото „Долно Дупени“ и плажата „Дупени бич“ може да се очекува значително зголемување на посетителите и туристите, но и зголемување на притисокот врз Преспанското езеро преку, зголемување на кличините на комуналед отпад, отпадни води и промена на пејсажот преку поставување на урбана опрема и изградба на нови објекти.