Музеи / Ресенска керамичка колонија

Ресенска керамичка колонија

Керамичката колонија е вистински претставник за тоа како вековните традиции можат да добијат современ тек и меѓународно признание. Археолошките истражувања покажуваат дека корените на керамиката во регионот се некаде во предисторијата, присутни низ сите подоцнежни периоди: антиката, византискиот, поствизантискиот период. Денес, иако занаетот се уште го практикува само мал број на мајстори, Керамичката колонија го воведува во 21 век како форма на уметнички израз. Така, од почетокот во 1973 година до денес, Колонијата прерасна во меѓународно призната институција, членка на Академијата за керамика при УНЕСКО. Во ателјето на колонијата досега твореле 238 керамичари од целиот свет, создаден е фонд од над 1000 експонати, од кои 400 се изложени во Домот на културата. Ателјето во Отешево, кое за време на колонијата угостува видни уметнци од целиот свет, е отворено и за други гости во текот на годината Контакт: 070/ 716 372