Музеи / Сарај
Сарај
Од градската архитектура на Ресен, со своите архитектонско естетски вредности посебно се издвојува зградата т.н. Сарај- споменик на културата во Р. Македонија изградена на почетокот на 20 век во времето на младотурската револуција.
Изграден е од турскиот мајор Ахмед Нијази - Бег во почетокот на дваесеттиот век, по урнек на француските архитектонски современи дострели, Сарајот го отсликува напливот на модерни идеи кое во тоа време ја зафаќаат Отоманската империја и Ресен како дел од неа. Сонот на Младотурците да се создаде модерна држава започнува токму во Македонија, а Сарајот е споменик на тоа движење. Сарајот е прекрасна палата изградена со користење на скапи градежни материјали, со разиграна фасада и големи прозорци кои ја полнат внатрешноста со светлина. Партерно, дворот на Сарајот е добро уреден и ја најавува префинетоста на ентериерот на зградата.
Во зградата на Сарајот е сместен Домот на културата „Драги Тозија“ и Керамичката колонија.
Комеморативната поставка на сликарката Кераца Висулчева, исто така, е сместена во просториите на Сарајот и ја збогатува културната и естетска слика на објектот.
Контакт: 047/ 551 021

