Настани / Редовни настани во Љубојно - Суроа
Редовни настани во Љубојно - Суроа
13-01-2020
Во Љубојно, „Суроа“ се одбележува вечерта спроти Василица, во близина на Полената (сред селото). Вечерта се пали голем оган и се принесува трпеза на која главниот дел од јадењето го носи „кумот“, се пие топла ракија и вечерта се развива во народна веселба во која селото функционира како духовна целина. Заедницата ги гони лошите работи од годината која заминува и ја прославува новата година. Рано наутро на самиот ден Василица, мали коледарчиња ги обиколуваат селските куќи и пеат пригодни песни, а домаќините ги даруваат со прилози во слатки, овошје и ситни пари.

