Цркви / Св. Богородица – Јанковец

Св. Богородица – Јанковец

Во селото се наоѓа манастирот “Св Богородица”- со главната манастирска црква „Успение на Пресвета Богородица“, манастирските конаци и црквата „Св. Игнатиј Богоносец“, кој се претпоставува дека е изграден пред 18 век. Во Јанковец постојат три цркви и еден манастир. Црквата “Св. Атанас”, се наоѓа во селото, не е забележана ниту се памети годината на нејзината изградба. Се претпоставува дека е постара од манастирската црква “Св. Богородица”. Црквата “Св. Никола”, на околу 1 km источно од селото, Црквата “Св. Јован” се наоѓа во селото и е осветена во 1866 г. Во селото има куќи кои, поради својата старост и убавина се ставени под заштита на државата, како на тие Ванчу Икономовски и семејството Теговци – доколку решите да поминете низ Јанковец, замолете ги мештаните да Ви ги покажат!