Цркви / Св. Архангел Михаил – с. Долно Дупени

Св. Архангел Михаил – с. Долно Дупени

На територијата од денешното село Д. Дупени, се наоѓа црквата посветена на споменот на чудата на Св. Архангел Михаил. Прославувањето на овој празник, кое се случува на 19 септември, претставува истовремено и селска слава. Според податоците се кои располагаме црквата е изградена на старо култно место во 1883 година Во внатрешноста на црквата, ѕидно сликарство има само зад владичиниот трон во централниот дел а во олтарниот простор во нишата од жртвеникот и главната апсидална конха. Тоа потекнува од 1894 година, односно од периодот кога населбата полека од локацијата на некогашното Горно Село постепено се префрла на денешната местоположба. Олтарната преграда е со  два реда на икони изработени од истиот мајстор што го работел ѕидното слокарство. Според испишаните години и тие се датирани заедно со изработката на целиот иконостас во 1894 година.