Цркви / Црква Св. Спас – Евла
Црква Св. Спас – Евла
Црквата Св. Спас претставува главна манастирска црква на истоимениот манастир. Таа се наоѓа на шест километри патување од селото, до кое може да се стигне само пеш или со теренско возило.
Таа е единствена пештерска црква во преспанско-пелагониската епархија. Вистинското место на црквата "Спаса" било подалеку од селото, сега викано „Стара Спаса“ .
До пештерата само лежечки се приоѓа за да се наполни лековита вода од изворот што го има под планината.
На празникот Св. Спас кој секоја година се прославува на различен датум доаѓаат луѓе од целата Преспа, а доаѓаат луѓе од околните села кои припаѓаат под охридскиот регион кои одлучиле да дојдат пеш во овој прекрасен манастир.

