Планинарење и пешачење / Патека 3 : Брајчино – Големо Езеро – Нижеполе

Патека 3 : Брајчино – Големо Езеро – Нижеполе

Патеката започнува од крајниот источен дел, на излезот од селото Брајчино кон врвот Пелистер и се движи по шумскиот пат кој води покрај старата пилана. По околу 2 км оддалеченост од селото се преминува рекичката преку мостот во непосредна близина на црквата Св. Илија. Минувајќи покрај црквата низ обраснатиот предел со дабови и букови стебла го следи течението на Брајчинска река. Патеката е целосно маркирана со патокази. Со излегувањето од шумата, преоѓа во отворениот дел од планината. Патот не води над шумскиот појас покрај една мала чешма и напуштеното бачило под врвот Марушица. Оттука преку повеќе серпентини во цик-цак линија се пристигнува до месноста наречена Панорама каде се напушта атарот на селото Брајчино. Во продолжение се упатува кон седлото пред Орлови Бари и оттаму преку т.н. Француски пат од Првата светска војна се пристигнува до Големо езеро. Времето потребно за да се изоди оваа патека со должина од 17 км е околу 6 часа. Од Големо езеро кон селото Нижеполе постојат повеќе патеки. Посетителите без поголемо искуство во планината, најдобро е да ја користат онаа која се спушта по течението на реката Сапунџица. Во тој случај се враќаме кон Орлови Бари и оттаму продолжуваме со спуштањето по добро обележаната патека. Спуштањето се изведува по десната страна од реката се до жичарницата со скијачките патеки. Одовде до селото Нижеполе продолжуваме по асфалтниот пат.   Маркирана патека од страна на НП Галичица. Движењето се одвива по шумски пат низ дабови, а во повисокиот дел високостеблени букови шуми. Најдобар период за движење по оваа патека е од месец мај до месец октомври. Не е потребна голема физичка спремност.
  • Вкупна должина: 10.7 km
  • Вкупна денивелација: 700m
  • Потребно време: 4h