Претор

Населбата Претор се наоѓа во Преспанската котлина, во југоисточниот дел од општина Ресен и излегува на брегот на Преспанското Езеро.

Името на селото е во тесна етимолошка врска со латинските имиња Претории и Преториј, за што сведочат и десетиците археолошки локалитети во селото. 

Цркви

  • Црква „Св. Сава“ - се наоѓа на половина километар јужно од селото. Изградена е во 14 век и била метох на Сливничкиот манастир; Црквата е на темели на постара црква посветена на Свети Никола. Овде се наоѓала познатата икона на Свети Јован Крстител која денес се чува во Ресен. 
  • Црква „Св. Архангел Михаил“ - се наоѓа западно од селото и претставува гробјанска црква; Изградена е во 1923 година, нема живопис, а иконите се од поново време
  • Црква „Св. Атанасиј“ - се наоѓа во селото и е изградена на култно место;
  • Црква „Пресвета Богородица“;
  • Црква „Св. Петка“ - црквичка посветена на Петка Римска;
  • Црква „Св. Недела“;
  • Црква „Св. Теодор Тирон“;

Археолошки локалитети

Копачките - некропола од доцноантичко време;

Кулине - населба од бронзено, хеленистичко, римско време и среден век;

Претор - населба од доцноантичко време;

Летувалиште - населба од доцноантичко време;

Ливаѓе - населба од доцноантичко време;

Ливатчиња - вила рустика од време;

Петрино - населба од доцноантичко време;

Св. Атанасија - црква од среден век;

Св. Арангел - осамен наод од римско време;

Св. Богородица - црква и некропола од среден век;

Св. Петка - црква и некропола од среден век;

Св. Недела - црква од среден век;