Туристички-локации / Претор
Претор
Населбата Претор се наоѓа во Преспанската котлина, во југоисточниот дел од општина Ресен и излегува на брегот на Преспанското Езеро.
Името на селото е во тесна етимолошка врска со латинските имиња Претории и Преториј, за што сведочат и десетиците археолошки локалитети во селото.
Цркви
- Црква „Св. Сава“ - се наоѓа на половина километар јужно од селото. Изградена е во 14 век и била метох на Сливничкиот манастир; Црквата е на темели на постара црква посветена на Свети Никола. Овде се наоѓала познатата икона на Свети Јован Крстител која денес се чува во Ресен.
- Црква „Св. Архангел Михаил“ - се наоѓа западно од селото и претставува гробјанска црква; Изградена е во 1923 година, нема живопис, а иконите се од поново време
- Црква „Св. Атанасиј“ - се наоѓа во селото и е изградена на култно место;
- Црква „Пресвета Богородица“;
- Црква „Св. Петка“ - црквичка посветена на Петка Римска;
- Црква „Св. Недела“;
- Црква „Св. Теодор Тирон“;
Археолошки локалитети
Копачките - некропола од доцноантичко време;
Кулине - населба од бронзено, хеленистичко, римско време и среден век;
Претор - населба од доцноантичко време;
Летувалиште - населба од доцноантичко време;
Ливаѓе - населба од доцноантичко време;
Ливатчиња - вила рустика од време;
Петрино - населба од доцноантичко време;
Св. Атанасија - црква од среден век;
Св. Арангел - осамен наод од римско време;
Св. Богородица - црква и некропола од среден век;
Св. Петка - црква и некропола од среден век;
Св. Недела - црква од среден век;

