Туристички-локации / Плажа Крани

Плажа Крани

Селото Крани се  наоѓа на 20 километри од градот Ресен со популација од 416 жители од кои поголемиот дел од селото се занимаваат со овоштарство односно со одгледување на јаболка. На 2 километри одалеченост од селото се наоѓа прекрасна песочна плажа која е една од најубавите плажи во овој регион и истата е многу привлечна за домашните и странските туристи. Плажата е одалечена окулу 100 метри од Автокампот Крани кој преставува сместувачки капацитет и располага со ресторан и спортски содржини. Во периодот од 1980 до 1990г, Крани била една од главните туристички локации во Преспа кои нуделе многу спорстк и забавни содржини, но со повлекување на езерото, се намалува и интересот. Крани сеуште привлекува голем број на туристи и има потенцијал за прифаќање на голем број на посетители.