Туристички-локации / Коњско
Коњско
Коњско се наоѓа на крајниот југозападен дел од општината Ресен, на брегот на Преспанското езеро. Атарот на селото со допира со државната граница со Р. Албанија и опфаќа 3.9 km2. Коњско е оддалечено 32 km од градот Ресен и се оди преку селото Стење.
Старите руинирани колиби изградени на традиционален начин од ендемичното дрво фоја, се сведоци за некогашниот живот во селото. Во минатото, главно занимање на населението бил риболовот. И денес преспанската белвица (нивица) се лови од езерото и посолена се суши на сонцето. Коњско е најблиската населба на островот Голем град.. На островот живеат стотици змии, кои според легендите го чуваат богатството на цар Самоил. По друга легенда, змиите се собираат бидејќи Голем Град е единствено место на кое можат да живеат без да им пречи човекот.
Цркви
- Црква „Св. Илија“;
- Црква „Св. Никола“;
- Црква „Св. Петар и Павле“ - пештерска црква;
Археолошки локалитети
Старо Село - црква и некропола од среден век;
Голем Град - населба, црква и некропола од неолитско, хеленистичко, рисмко време и среден век;
Коњско - депо на монети од среден век;
Бљудо - населба, црква и некропола од среден век;

