Коњско

Коњско се наоѓа на крајниот југозападен дел од општината Ресен, на брегот на Преспанското езеро. Атарот на селото со допира со државната граница со Р. Албанија и опфаќа 3.9 km2. Коњско е оддалечено 32 km од градот Ресен и се оди преку селото Стење.

Старите руинирани  колиби изградени на традиционален начин од ендемичното дрво фоја, се сведоци за некогашниот живот во селото. Во минатото, главно занимање на населението бил риболовот. И денес преспанската белвица (нивица) се лови од езерото и посолена се суши на сонцето. Коњско е најблиската населба на островот Голем град.. На островот живеат стотици змии, кои според легендите го чуваат богатството на цар Самоил. По друга легенда, змиите се собираат бидејќи  Голем Град е единствено место на кое можат да живеат без да им пречи човекот.

Цркви 

  • Црква „Св. Илија“;
  • Црква „Св. Никола“;
  • Црква „Св. Петар и Павле“ - пештерска црква;

Археолошки локалитети

Старо Село - црква и некропола од среден век;

Голем Град - населба, црква и некропола од неолитско, хеленистичко, рисмко време и среден век;

Коњско - депо на монети од среден век;

Бљудо - населба, црква и некропола од среден век;