Туристички-локации / Долно Дупени

Долно Дупени

Селото Долно Дупени се наоѓа во крајниот јужен дел на Општина Ресен, чиј атар се допира до државната гранична линија со Грција и источниот брег на Преспанското Езеро. Недалеку од селото, на 2 километри е месноста Маркова Нога која е најјужната точка во Република Македонија и во која се наоѓа познатата плажа Дупени Бич. Непосредно се наоѓа и кулата на граничната караула, но не постои можност за премин на границата поради затвореноста од спротивната грчка страна од политички причини. 

Името на селото "Дупени" е добиено со топонимизација на етнонимот во множина 'дупјани', луѓе што доаѓаат од местото дупа, со значење вдлабнато место, дупка. Оваа претпоставка може да се потврди со самата местоположба на селото кое се наоѓа во мала вдлабнатина, дупка меѓу подножјето на планината Баба и рамнината на дното на Преспанската Котлина. 

Цркви

  • Црква „Св. Архангел Михаил“ - главната селска црква;
  • Црква „Успение на Пресвета Богородица“ - манастирска црква. Се наоѓа на 2 километри североисточно од селото Љубојно. Изградена е во почетокот на 20 век.;
  • Црква „Св. Ана“ - манастирска црква;
  • Црква „Св. Димитриј“ - манастирска црква. Се наоѓа на еден километар јужно од селото;
  • Црква „Св. Атанасиј“ - се наоѓа на 2 километри источно од селото. Изградена е 1864 година врз постар објект од 17 век;
  • Црква „Св. Илија“ - се наоѓа наоѓа југоисточно од селото;
  • Црква „Св. Кузман и Дамјан“ - се наоѓа на 3-4 километри источно од селото;
  • Црква „Св. Никола“ - се наоѓа на еден километар источно од селото;
  • Црква „Св. Петка“ - се наоѓа на источната страна од село;
  • Црква „Св. Филип“ - се наоѓа југоисточно од селото

Археолошки локалитети

Рот - некропола од доцноантичко време;

Гробишта - црква и некропола од среден век;

Долно Дупени - населба од доцноантичко време;

Герамидница - населба од доцноантичко време;

Маркова Нога - населба од хеленистичко и доцноантичко време;