Брајчино

Селото Брајчино е планинско и се протега на крајниот југоисточен дел на територијата на општина Ресен, издигнувајќи се со атарот на југозападниот срт на планината Баба. Се граничи со општина Битола и со државната гранична линија со Република Грција. Низ селото тече Брајчинска Река.

Оддалечено е само 15 минути од Преспанско Езеро, а сместено е во подножјето на планината Баба, во непосредна близина на националниот парк Пелистер. Богато е со извори пенлива вода, висока и зелена шума, планински врвови што пленат со својата убавина, со еколошки јаболка никнати на надморска височина од над 1.000 метри и јагодите што зреат доцна налето 

С. Брајчино се истакнува по својата карактеристична селска архитектура. Архитектурата претставува посебна целина, со куќи од камен, фурни и плетени огради. Оваа селска архитектура потекнува од 19 век. 

Цркви

  • Црква „Св. Никола“ - главната селска црква; се наоѓа во селото. Подигната е во 1871-2 година, по архитектура е трокорабна со зачуван живопис во апсидалната конха. Иконостасот датира од 1875 година.
  • Црква „Св. Илија“ - црква позната по првото ќелијно училиште (1874 - 1876); се наоѓа на два километри источно од селото. Подигната е во 1919 година.
  • Црква „Св. Петка“ - манастирска црква;
  • Црква „Св. Богородица“ - се наоѓа во месноста Плеша, 0,7 км северозападно од денешната локација на селото. ; времето на подигање не е определено.
  • Црква „Св. Атанасиј“ - се наоѓа југозападно од селото, подигната е врз постар скарален објект. Живопис им аво олатрниот простор и на северниот ѕид.
  • Црква „Св. Архангели“ - се наоѓа во месноста Арангели, на 0,7 км северозападно од селото, обновена во 1916 год. ;

Археолошки локалитети

Св. Атанас - некропола од среден век;

Кула - тврдина од среден век;