Музеи / Етнолошки Музеј – с. Подмочани

Етнолошки Музеј – с. Подмочани

Еден од најбогатите етнолошки музеи во Македонија е Етнолошкиот музеј на Јоне Ефтимовски, сместен во с. Подмочани.  Овој приватен музеј содржи ретка и величествена колекција на традиционални носии и артефакти од Македонија. Колекцијата брои над 2000 уметнички предмети: накит, оружје, стари монети, предмети од домаќинство и преку 160 различни Македонски национални носии.   Освен презентација на автентични предмети, посетителите на овој приватен музеј можат да купат и сувенири (кукли облечени во народна носија) изработени од семејството Ефтимовски, како и да ги пробаат специјалитетите на традиционалната преспанска кујна. Влезот во музејот чини само 100 денари.