Фауна / Преспанска мрена

Преспанска мрена

Етимологија Името Barbus има латинско потекло и ги опишува морфолошките карактеристики на устата на овој вид (присуство на мустаќи). Латинското име prespensis се додава за опишување на подрачјето кое што овој вид го населува (сливот на Преспанското Езеро).   Опис Станува збор за ендемичен вид на зракоперна риба од фамилијата Cyrinidae (крапови), припадник на потфамилијата Barbinae. Има два пара мустаќи – еден пар над горната усна, а друг на крајот на горната усна. Преспанската мрена се разликува од другите видови на мрени на Балканскиот полуостров по следните карактеристики: впечатливо испакнат нагорен профил на муцката, долната усна е дебела, месеста, со средна заобленост, има 50-54 + 3 странични зраци, телото е покриено со мали, слабо забележливи црни точки. Максималната должина може да достигне до 300 mm.   Распространување Европа: Сливот на Преспанските Езера.   Биологија Преспанската мрена се мрести во притоките или на чакалести подлоги во езерата, а особено во близина на подводни извори. Се мрести од април до јули, а кон притоките мигрира ноќно време. Возрасните единки се враќаат во езерото на почетокот на јули, додека јувенилните почнуваат да се движат кон езерото кон крајот на јули. Во малото Преспанско Езеро мрената нема можност за мрестење во речните текови, па поради тоа е присилена да се мрести во езеро. Во изминатите две децении кога нивото на водата значително се менуваше (прво опаѓање, потоа покачување), екологијата на мрестење на овој вид значително се промени. Денес нејзините природни плодишта се ограничени и можат да се најдат исклучиво на одредени места во езерата. Мрената се храни главно со ракчиња (Gammarus) во езерата и инсекти во реките.   Значајност за рибарството Ниско. Ловење со раце во потоците и реките во Грција е дозволено во одреден период кој е регулиран со закон.   Закани Потенцијална закана за видот претставува црпењето на вода, сушата, загадувањето, алохтоните видови.   Мерки за зачувување Рестрикции во изловувањето за одреден период (најмалку 6 години)