Фауна / Преспанска Гомнушка

Преспанска Гомнушка

Етимологија Името на родот Alburnoides претставува деминутив од латинското име за Alburnus (Albus што значи бело или белузлаво) што укажува на морфолошките сличности помеѓу гомнушката и белвицата. Латинското име prespensis се додава за да го oпише местото кадешто гомнушката живее – Преспанските Езера. Опис Ова е ендемичен вид на зракоперна риба од фамилијата на крапови – Cyprinidae. Од останатите видови на Alburnoides во Европа се разликува по следнитетокот на главата), процепот е само малку закосен; аналната перка е со 10-11½ разгранети зраци; има 40-43+2-3 лушпи во страничната линија; должината на опашното стебло е 1.8-2.2 пати поголема од длабочината. Муцунката е подолга отколку дијаметарот на окото и интерорбиталното растојание е 1.2-1.4 пати од дијаметарот на окото. Максималната должина изнесува 130 mm. Распространување Европа: во Преспанските Езера. Се среќава на површинската зона вдолж езерскиот брег. Биологија Овој вид е типичен за проточни води (реофилен) поради што се среќава во реките. Во Преспанските Езера, меѓутоа, живее во плитки води на самиот брег на езерото. Исто така претставува литофилен вид, кој се мрести на чакалести и каменести супстрати во мај и јуни. Икрите се лепат меѓусебно и за супстратот. Значајност за рибарството Нема значајност Закани Потенцијална закана за видот претставува црпењето на вода, сушата, загадувањето и воведувањето на алохтони видови кои може да влијаат на целото езеро. Мерки за зачувување Популациите на преспанската гомнушка опаѓаат најверојатно како резултат на конкурентската врска со два други алохтони видови и тоа псеудорасбората (амурче, чебачок) и сончарката кои се хранат со слична храна. Активности насочени кон селективно рибарење или мелиоративен риболов би го подобриле нејзиниот статус.