Преспанска Белвица, Плашица, Нивичка
Етимологија
Името на родот Alburnus потекнува од латинскиот збор albus, кој значи бело или белузлаво, а е поврзано со бело – сребреникавата боја на крлушките на оваа риба. Името belvica го има истото значење.
Опис
Станува збор за ендемичен вид од фалимијата Cyprinidae. Белвицата има латерално плоснато тело покриено со ситни лушпи кои се блескави и лесно отпаѓаат. Има горна усна која се протега нагоре. Дорзалната перка почнува од крајот на пекторалната перка и завршува пред аналната. Телото од горната страна е сивкасто – зелено, додека од страна е сребренесто – бело, а бојата на стомакот е млечно бела.
Преспанската белвица се разликува од другите видови на Alburnus воЕвропа со тоа што ги има следниве карактеристики: 30-38 жабрени лаци; аналниот отвор е скоро 1-2½ од аналните лушпи зад основата на последниот дорзален (грбен) зрак; аналната перка е со 12-15½ разгранети зраци; има 48-58 + 3 лушпи во страничната линија; длабочината на опашното стебло е 2.0-2.1 пати од неговата должина. Белвицата може да израсне до 200 mm.
Распространување
Европа: во Преспанските Езера. За време на поголемиот дел од животниот циклус останува во отворени води. Вообичаено формира големи јата коишто се движат под водната површина. За време на зимскиот период големи групи на индивидуи се засолнуваат на соодветни места, заштитувајќи се на тој начин од ветер и бранови.
Биологија
Белвицата мигрира кон природните плодишта во притоките и вдолж езерското крајбрежје (на ситни камчиња и чакал во површинската зона) ноќно време, во мали и големи јата, во кои има една или две женки, додека останатите се машки единки. Бројот на икрите варира и зависи од староста и тежината на единките, а може да достигне 10 000. Белвицата се мрести од мај до август.
Значајност за рибарството
Висока значајност за стопански и рекреативен риболов.
Закани
Потенцијална закана за видот претставува црпењето на вода, сушата, загадувањето и алохтоните видови. Белвицата е главен плен за далматинскиот кадроглав пеликан (Pelеcanus crispus), големиот корморан (Phalacrocorax carbo) и други птици кои се хранат со риба.
Мерки за зачувување
Стриктно ограничени квоти за излов.