Фауна / Лињак

Лињак

Опис Лињакот или „рибата доктор“ претставува туѓ (внесен) вид кој се среќава во слатки и засолени води, а припаѓа на семејството на крапови - Cyprinidae. Во Преспанските Езера е воведен во осумдесетите години на минатиот век. Лињакот е цврсто „изградена“ и полна риба која поседува еден пар мали мустаќи на аглите на устата. Бојата варира од интензивно сино – маслинеста до бледо златна со големо црвеникаво око. Телото е лигаво, со мали лушпи препокриени со дебел мукозен слој. Големите примероци може да достигнат 800 mm.   Биологија Лињакот најчесто се наоѓа во мирни води со глинест или тињест супстрат и богата вегетација. Ретко се среќава во бистри води со каменесто дно, а исто така отсуствува и во брзи потоци. Толерантен е на вода со ниска концентрација на кислород, па може да се сретне на места каде што не може да преживее дури ни крапот. Најчесто се храни ноќе, а преферира фауна како што се хирономидите (инсекти) на дното на еутрофните води, полжави и мали школки во води со богата вегетација. Може да живее до 20 години. Машките прв пат се мрестат на возраст од 2-6 години и 70-250 mm големина, додека женките една година подоцна. Зраците на стомачните перки се поробусни, подолги, а кај машките единки се протегаат зад анусот. Се мрести во периодот мај – октомври. Во Централна Европа вообичаено се мрести во периодот јуни – јули на температури над 190C, а најчесто на 22-240C. Притоа се полагаат повеќе од 300 000 икри. Женките може да се мрестат 1-9 пати секоја година, на секои 11-15 дена, доколку има погодно топло време. При силни температурни флуктуации се јавува висока ембрионална смртност. Ларвите и јувенилните форми живеат на места со густа вегетација. Тие се толерантни на ниска концентрација на растворен кислород и салинитет до 12 ‰. Се хранат со детритус (изумрена органска материја), бентосни животни и растителен материјал. Возрасните форми најчесто се хранат со мекотели. Мрестот се одвива во плитки води, вообичаено помеѓу водните растенија, каде што се полагаат лепливите зелени икри. Растењето е брзо, а единките може да достигнат тежина од 0.11 kg уште во првата година.   Распространување Овој вид риба се среќава низ цела Евроазија почнувајки од Западна Европа (вклучувајќи ги Британските острови), источно во Азија сé до реките Об и Енисеј. Исто така, се среќава и во Бајкалското Езеро, а вообичаено ги населува бавнодвижечките слатководни живеалишта, особено езерата и низинските реки. Видот е воведен во Преспанскоте Езера не многу одамна.   Значајност за рибарството Нема. Популациите имаат многу мала бројност.   Влијанија Многу тешко е да се издвојат специфичните влијанија лињакот, бидејќи видот најчесто е во заедница со други видови од фамилијата крапови – Cyprinidae. Способноста на лињакот да преживува во деградирани животни средини предизвикува забуна, бидејќи не е јасно дали тој придонесува за влошувањето, или едноставно населува еколошка ниша која е непогодна за природните видови. Некои експериментални студии покажале дека тие можат да ја зголемат биомасата на перифитонот (алгите) преку селективно предаторство врз главоношци (школки, полжави), кои го одржуваат перифитонот со „пасење“. Доколку овој ефект се зголеми, тогаш истиот би можел да предизвика негативни влијанија врз водните заедници. Не постои доказ дека видот директно влијае на другите видови риба, иако бројни студии го поврзуваат со намалувањето на квалитетот на водата.   Управување Селективен – мелиоративен риболов