Фауна / Јагулче, Штипалка

Јагулче, Штипалка

Етимологија Името на родот Cobitis потекнува од Грчкиот збор Kobitis којшто значи мала риба. Името пак meridionalis има латинско потекло и значи “јужен”.   Опис Станува збор за ендемичен вид на зракоперна риба од фамилијата Cobitidae. Тоа е мирна риба, која главно живее како самотник и претставува ноктурен вид (интензивно активен преку ноќ), кој се запретува во подлогата на дното,  оставајќи ги видливи само главата и опашот. Има три пара мустаќи и една подочна боцка. Од другите видови на Cobitis кои се среќаваат на Балканскиот Полуостров се разликува по тоа што има различно распоредени обоени дамки на кожата и рабови кои не се со остар контраст. Максималната должина на женките достигнува до 110 mm, додека мажјаците нараснуваат до 70 mm.   Распространување Преспанските Езера. Може да се сретне на езерскиот брег, во речните притоки со песочно или тињесто дно и подводна вегетација.   Биологија Ова е едногодишен вид на риба чии што единки умираат веднаш по размножувањето кое се случува на крајот на април и во мај. Потребен му е песочен или мек супстрат, чиста вода и потопена макрофитска вегетација на која се мрести. Овој вид расте многу брзо, исклучиво во периодот од мај до октомври, кога температурата е повисока од 10 0C. Се храни со без‘рбетници.   Значајност за рибарството Нема значајност.   Закани Потенцијални закани за видот претставуваат црпењето на вода, сушите, загадувањето, уништување на живеалиштата и воведување на алохтони видови.   Мерки за зачувување Заштита на природните живеалишта.