Настани / Редовни настани во Подмочани - ″Св. Петар и Павле″

Редовни настани во Подмочани - ″Св. Петар и Павле″

11-07-2020 / 12-07-2020

Преспански крст – 11 и 12 јули

По повод празникот "Петровден" кај Преспанскиот Крст во Црквата “Св. Петар и Павле” во село Подмочани  се одржува  прослава со богата културно уметничка програма. Народниот собир претежно е посетен на ден 11-ти јули во вечерните часови и на 12-ти јули во утринските часови. Сите посетители во овие два дена имаат можност да присуствуваат на вечерата или ручекот кој се дава од страна на кумовите.Прославата продолжува и на 13 ти. Обезбедено е и место за  пикник.