Евла – Ловиште Волф

На територијата на ловиштето Волф се достапни неколку патеки, погодни за планински велосипедизам. Сите патеки се свежо обележани и означени со патокази и информативни табли.  Бидејќи ловиштето е активно, посетителите задолжително треба да го најават своето присуство најмалку еден ден пред посетата доколку планираат да пешачат или возат по патеките. Посетителите треба да го најават своето присуство на бројот: +389 76 742 050   Ловни сезони за крупен дивеч во Македонија: Ловна сезона за дива свиња: 1 октомври до 31 јануари во текот на секоја година. Женска срна – 1 октомври до 31 јануари во текот на секоја година, додека за срндакот, лов на дочек, на чека, од 1 мај до 30 септември секоја година. Со над 20.000 хектари под концесија,  ловиштето Волф нуди одлични услови за лов на крупен и ситен дивеч во Преспанскиот регион. Волф  располага со две ловишта за крупен дивеч (срна, дива свиња) – едно на планинскиот масив Галичица (од с. Сирхан до с. Буково ) – 8936 хектари, а другото на Пелистер ,4780 хектари (од с. Долно Дупени до место викано Долги Рид) . Компанијата нуди и територија за лов на ситен дивеч – 5030 хектари, од с. Долно Дупени, следејќи ја обалата на Преспанско езеро и завршува во с. Сирхан.  Прелетен (пердувест) дивеч 2 август до  31 март наредната година.  Зајак и полска еребица од  11 октомври до 15 декември наредната година Во ловиштето  Езерани се организира и лов на волк, во текот на целата година, на заседа , на мрцилиште. Компанијата располага и со сопствен репроцентар за дива свиња, па за овој дивеч може да организира лов во текот на целата година, и вон ловната сезона. Потребна документација за спроведување на лов: Домашни ловџии – положен ловечки испит и да се обратат за дневна дозвола. За странските гости, дозвола за лов од земјата на домицил, и треба да добијат покана од концесионерот или од некоја државна институција. Странските ловци можат да дојдат со сопствено оружје или да изнајмат сопствено оружје од концесионерот.  Компанијата нуди комплетна понуда -  водичи, сместување и сите пропатни работи околу ловот, во зависност од желбите и потребите на клиентите. На теренот на ловиштето е обележана и планинарска/велосипедска патека, во должина од 16 километри, која нуди прошетка низ природа и ретка шанса да се види живиот свет во Македонија во своето природно живеалиште. Доколку сакаат да прошетаат или да возат по патеката, гостите се замолуваат да го најават своето присуство во ловиштето најмалку еден ден однапред, на бројот: +389 76 742 050