Туристички-локации / Сливница
Сливница
Сливница се наоѓа недалеку од источниот брег на Преспанското Езеро, во подножјето на планината Баба од нејзината западна страна. Од градот Ресен селото е одалечено 16 километри. Веднаш под селото се простираат цветни ливади, убаво обработени лозја, а во тесниот крајбрежен појас овошни насади и песочни плажи кои се надалеку познати и многу посетувани од капачи и туристи во летниот период.
Селото Сливница е едно од постарите и попознатите села во Преспа, со долга и вековна историска традиција на постоење. Во доцниот среден век на крајот на XVI и почетокот на XVII век во 1607 година над селото бил изграден познатиот Сливнички манастир посветен на Пресвета Богородица, кој се наоѓа на 5 километри над селото во густ шумски предел.
Цркви
- Црква „Рождество на Пресвета Богородица“ - главната црква на Сливничкиот манастир;
- Црква „Св. Атанасиј“ - се наоѓа западно од селото;
- Црква „Св. Димитриј“ - се наоѓа северно од селото и претставува гробјанска црква;
- Црква „Св. Никола“ - новозградена, на старо култно место со остатоци од некогашна некропола. Се наоѓа над селото;
- Црква „Св. Петка“ - црква посветена на Петка Римска. Се наоѓа на три километри северно од селото; Видливи се остатоци од некогашна некропола
- Црква „Св. Петар и Павле“;
- Црква „Св. Спиридон“;
Археолошки локалиети
Шуица - црква и некропола од среден век;
Сливница - населба од римско време;
Крш Полена - вила рустика од римско време;
Кула - населба од доцноантичко време;

