Туристички-локации / Плажа Стење

Плажа Стење

Селото Стење се наоѓа во близина на граничниот премин со Албанија, на западниот брег на Преспанското езеро. Стење е одалечено 23 километри западно од градот Ресен. Жителите на ова село во главно се занимаваат со земјоделство, одгледуваат јаболка, дел се занимаваат со риболов и слично. Селото Стење изобилува со повеќе ресторани,кафетерии и барови каде што можат да се вкусат повеќе преспански специјалитети и исто така е место каде се организираат културни и забавни манифестации, а поради локацијата во Стење е отворен и Информативен центар за посетителите во рамките на Националниот парк „Галичица“.