Крани

Крани е село во Општина Ресен на Република Македонија, околу 19 километри  јужно од градот Ресен. Карактеристично за ова место е плажата во Крани, која неодамна е реновирана. 

Цркви

  • Црква „Успение на Пресвета Богородица“ - главната селска црква;
  • Црква „Св. Никола“ - се наоѓа на 1 km јужно од селото;

Археолошки локалитети

Св. Никола - црква и некропола од среден век;

Анче - населба од доцноантичко време;

Кобел -населба од хеленистичко време;

Св. Илија - црква и некропола од среден век;