Јанковец

Јанковец се наоѓа во средишниот ракав од северниот дел на плодното Ресенско поле, некогаш 2 km северно, а денес е предградие на  Ресен. По средината на рамничарскиот дел тече  Голема Река, која никогаш не пресушува, а нејзините води се користат за наводнување на крајбрежните обработливи површини.

Потеклото на името на селото Јанковец, според кажувањето на постари жители на селото, се вели дека името го добило по прво населениот човек, некој си Јанко и според неговото име селото било наречено Јанковец. За името на селото постојат и други преданија.

Во близина на манастирот се наоѓа и ресторанот “Манастир” кој е еден од првите приватни угостителски објекти во поранешна Југославија.

Цркви 

  • Црква „Св. Јован Крстител“ - главната селска црква, осветена 1866 година;
  • Црква „Св. Никола“ - се наоѓа на околу 1 km источно од селото;
  • Црква „Св. Атанасиј“ - се наоѓа во селото;
  • Црква „Успение на Пресвета Богородица“ - главната манастирска црква на Јанковечкиот манастир;
  • Црква „Св. Игнатиј Богоносец“ - манастирска црква на Јанковечкиот манастир;

Археолошки локалитети 

  1. Св. Атанас - средновековна некропола;