Заштити ги подрачјата / Национален Парк Галичица
Национален Парк Галичица
Сместен на над 22.000 хектари, на планинскиот масив помеѓу Преспанското езеро на исток и Охридското езеро на запад, Националниот Парк Галичица располага со вистинско богатство од реликтни и ендемични видови флора и фауна. Македонскиот Националниот Парк Галичица и Албанскиот Национален Парк Преспа се поделени со меѓународната граница меѓу Македонија и Албанија.
Постоечките патеки и природата во регионот се идеални за развој на велосипедизмот. При тоа од рекреативните активности во регионот се издвојуваат можностите за планинарење, прошетки, едукативно-рекреативни содржини, наблудувања на птици и животни, сончање, скијање, алпинизам и спелеолошки разгледувања, хербални активности, активности на село, алпско скијашко трчање, лов и други активности во планина.

