Преспанско Езеро – Споменик на природа

Основни податоци 

 

Местоположба:

Во југо-западна Македонија, во Преспанската котлина, на тромеѓето Македонија- Албанија- Грција, покрај брегот на Преспанското езеро, 41º05’20” N  ;  21º00’44” E

Сместена на 880 метри надморска висина

Временска зона:

Средноевропско време (GMT+1)

Клима:

умерено- континентална клима со медитеранско влијание

просечна годишна температура:  9,5º С

просечна летна температура :   18,9º С

просечна зимска температура :   0,1º С

Население:

16.825 жители   8.748 жители во град Ресен

8.077 жители во селски населби

Површина:

вкупна површина 739 km2  (562 km2 – копно и 177 km2 површина под вода.)

 

Како се стигнува до Ресен?

 

Пристигнување со авион

Аеродромот Св. Апостол Павле- Охрид е оддалечен 45 километри од Општина Ресен и има околу 90 минути патување со автомобил. Информации во врска со полетување и слетување на авионите може да се добијат на следните телефонски броеви: 0038946252820, 0038946252821 и 0038946262503.

Пристигнување со железница

Најблиската железничка станица се наоѓа во Битола и истата е оддалечена 50 km од градот Ресен.

Пристигнување со автомобил

Главен меѓународни патен правец кој поминува низ општината е коридорот М5-Битола-Ресен-Охрид.

Од Охрид, до Ресен може да се стигне за 40 минути.

Од Скопје, до Ресен може да се стигне за 180 минути

Пристигнување со автобус

Автобуската станица се наоѓа на оддалеченост од 2 km од центарот на градот. Информации може да се добијат на следниот тел број: 0038947451756 и 0038947451506 

 

Кратка историја за Ресен

 

Стариот век на преспанските простори го одбележал периодот на постоењето на двете големи цивилизации- римската и грчката.

За време на римската империја низ Преспа поминувал познатиот староримски пат „Виа Игнациа“. Покрај него биле изградени повеќе населби и попатни станици. Една од нив била Скиртијана, на чие место подоцна израснала словенската населба Ресен.

Во текот на VI и VII век , во Преспа се населиле словенските племиња – Брсјаци.

Прв пат Ресен се спомнува како средновековна населба во една повелба на Душановиот законик од 1337 год, под името Росне. Во еден попис од 16 век населбата е регистрирана како Ресне.

Во XVIII век, со развојот на трговијата и занаечиството, Ресен прераснува во мала градска населба.

Во времето на опаѓањето на моќта Отоманската империја, особено на почетокот на ХХ век, Преспанскиот регион е еден од центрите на отпорот и на создавањето на Македонскиот национален идентитет. За времето на Илинденското  востание, поголем број на селски населби во Општина Ресен биле ослободени од страна на востаниците, но градот Ресен се уште не бил ослободен.

Ресен и Преспанскиот регион се и локацијата каде, на 03 Јули 1908 година Младотурската револуција, предводена од Ахмет Нијази Беј. Главната цел на револуцијата била да се демократизира Отоманската империја и да се модернизираат сите застарени институции, а конечниот резултат од оваа револуција е настанувањето на Република Турција како демократска, секуларна држава.

За време на Втората светска војна, Преапанскиот регион е  меѓу првите каде почнува да се пружа активен отпор од страна на локалното население – уште во 1942,  се формира Битолско-преспанскиот партизански одред „Даме Груев“.

На 2 август 1943 година во непосредна близина на с. Отешево било одржано познатото Преспанско советување.

Градот Ресен е ослободен на 11 Септември 1944 година. Денес, Преспанскиот регион е познат по Преспанското езеро и  песочните плажи, традиционалното производство на јаболка, богатата флора и фауна, како и зачуваните, живи села во кои секој гостин е добредојден, а традициите се уште се предаваат од колено на колено.