Музеи / Спомен куќа на Татарчеви
Спомен куќа на Татарчеви
Реконструкцијата на куќата на семејството Татарчеви е чекор за да се зачуваат спомените за животот и делото на еден од основачите на Македонската револуционерна организација, борецот за остварување на изворната идеа за самостојна и независна македонска држава на Балканот, големиот интелектуалец, д-р Христо Татарчев. Татарчев е еден од основоположниците на Македонската револуционерна организација, која на почетокот на 20 век се борела за ослободување на Македонија од Отоманската империја и основање на независна држава.
Куќата на Татарчеви претставува своевиден музеј во кој се изложени голем број документи, научно верификувани факти и аргументи кои зборуваат за историјата на ова ресенско семејство, за големата жртва и придонесот на д-р Христо Татарчев, кој својот животен век и го посветил на својата визија за обединета и демократска Македонија. Како дел од поставката, покрај оргиналните документи, изложени се и силиконски фигури, како и повеќе портретни уметнички слики и масовни сцени кои дополнително ја збогатуваат музејската поставка.

