Хидрологија и хидрографија

Преспанското Езеро со своите притоки претставува главен хидрографски објект на територијата на Ресен. Главни притоки од македонскиот дел на Преспанското Езеро се: Брајчинска Река, Кранска Река, Голема Река, Источна Река и Курбинска Река. Од хидрогеолошка гледна точка, постојат само неколку непостојани водотеци, но нивната течечка моќ е значајна па неколку пати во историјата истите предизвикале големи штети при поплави. Секоја од овие притоки се вливаат во Преспанското Езеро и се планински потоци со големи висински разлики од изворот до вливот (> 1000 m).

Во сливот на Преспанското Езеро регистрирани се два извора со издашност над 30 l/s кај селото Крушје, еден извор со издашност од 11÷30 l/s и поголем број извори со издашност помала од 1 l/s.

Статичкото ниво на подземната вода на поедини подрачја е различно и се движи од 1,0 m. во поедини делови, до под 6,0 m во други делови. Површинските – недренирани води, кои ги има на повеќе места при обилни врнежи, со течението по улиците и другите градски површини, го покачуваат нивото на подземната вода.

Хидрографска мрежа и издвоени подсливови

Преспанската котлина како дел од западно – македонската хидрогеолошка регија се карактеризира со присуството на карпи со различни хидрогеолошки карактеристики и типови на порозност (фрактурен/искршен, затворен, карстен и карстно-фрактурен тип на издан) како и со појава на минерални и термоминерални подземни води.

Пукнатискиот тип на издан ги препокрива високите планински предели каде има средна и мала пермеабилност на вода, со принос околу 0,1 – 5,0 l/s.

Збиен тип на издан: Тектонската депресија е исполнета со седименти од Плеоцен и Кватер кадешто постојат фреатски и артезијански (субартезијански) подземни води. Подлогата се состои од Палеозојски шкрилци, гранит и Мезозојски варовник. Фреатскиот тип на аквифер се карактеризира со широка распространетост и е детектиран на неколку локалитети (Лавци, Болно, Г. Дупени, Асамати, Ц. Двор итн.).


Карстен тип на издан
се појавува во Палеозојските, Мезозојските и Терциерните карбонатни карпи на планината Галичица. Најголемиот извор на варовникови во Македонија е Свети Наум, со варијабилен капацитет (Cvijic, Ј., 1911) од 2 – 40 m3/s. Мал дел од варовникови извори постојат во источниот дел на Галичица (Преспа). Постојат два варовникови извори на планината Бигла на локалитетот “Крушје” со капацитет од (35÷160 l/s).
Седиментите кои датираат од Кватерот имаат поразлично потекло, литолошка композиција и хидрогеолошки функции (алувијални, пролувијални, дилувијални, елувијални, органско-блатни итн.).

Хидрогеолошка карта

Преспа подсливот припаѓа на сливот на реката Црн Дрим и претставува дел од сливот на реката Дрим. Охридското и Преспанското Езеро припаѓаат на групата Десаретски езера кои потекнуваат од геотектонската депресија што се случила пред 2 до 3 милиони години на западните делови на планината Динариди. Во светот постојат само неколку езера со слично потекло.

Поради варовниковата подлога, големо количество на вода од Преспанското езеро навлегува во почвата од дното и минувајќи низ мрежа од подземни пукнатини ги снабдува со вода изворите кои се наоѓаат на Охридскиот брег.

Преспанското езеро се наоѓа на околу 850 метри надморска височина којашто може да варира од 843,55 метри (Октомври 2003) до 851,77 метри (Јуни 1963). Истото е составено од две меѓусебно поврзани езера: Малото Преспанско и  Големото Преспанско езеро. Сливот е поделен  помеѓу: Македонија, Грција и Албанија. Преспанското Езеро формира затворен басен опкружен со високи планини. На запад – планината Галичица (2 256 m), на север – Плакенска Планина   (1 935 m), планината Бигла (1 656 m) на североисток, на исток Баба Планина (2 420 m), планина Трикларион на југоисток (1 749 m), на југ Сува Гора (1 480 m) и на југозапад со Мали и Тате   (2 288 m).

Локација на сливот на Преспанското езеро

Големото и Малото Преспанско Езеро се одвоени со превлака. Меѓу 1962 и 1975 година, двете езера биле поврзани пришто нивото на водите биле усогласени.

Вкупната површина на регионот (земајќи ги предвид разликите во мерењата – разлика во размерот, разлики во дефинираната граница на варовниковата површина) е меѓу 1 368 ÷ 1 386 km2.

Поради флуктуациите во нивото на водата, плоштината на езерската површина варира од 306 ÷ 324 km2.

Површината на Големото Преспанско Езеро се движи од 259,4 ÷ 280,0 km2  (MKД –               68,1 %, AЛБ – 17,9 %, ГР – 14,0 %). Површината на Малото Преспанско Езеро се движи од 44,4 ÷ 47,4 км2 (MKД – 0 %, AЛБ – 10 %, ГР – 90 %).

 Вкупната површина на сливот е околу 1052,41 km2 (MKД – 583,00, AЛБ – 214,09, ГР – 255,32).

 

Табела 18. Особености на сливот на Преспанското езеро

 Површина
(km2)
Површина на слив
(km2)
Hmin
(м.н.в.)
Hmax
(м.н.в.)
Hav
(м.н.в.)
Наклон (%)Големо Езеро
(km2)
Мало Езеро
(km2)
Македонија761,00593,008442 4201 118,3721,37178,00,0
Албанија261,19214,098442 2751 207,4126,2342,74,4
Грција341,52255,328442 1611 132,6024,4142,443,8
Вкупно:1 363,711 052,41263,148,2

Извор:   Хидрогеолошка студија за сливот на Преспанското Езеро, 2015

Површината која е опфатена во Планот 2010 е македонскиот дел од Големото Преспанско Езеро, класифициран како ридски и ридско-планински предел. Истиот може да се подели на Преспанска котлина и планините кои ја опкружуваат – Баба, Илинска и Галичица. Ридскиот и ридско-планинскиот дел од овој регион се одликуваат со голема наклоност (стрмност) (поголема од 32 %).

Топографија и наклон на сливот

Специфичните орографски услови, заедно со географските и локалните фактори влијаат на динамичните климатски фактори, креирајќи три различни климатски типови низ целиот слив: топло и ладно континентално; субпланинско и планинско субмедитеранско и субалпско и алпско климатско подрачје. Годишната просечна температура е релативно ниска, но сепак многу погодна за развој на овоштарство, особено за одгледување јаболка. Специфичната локална топла континентална клима е резултат на релјефот, надморската височина, флуктуацијата на нивото на водата на Преспанското езеро и слабото влијание на Медитеранската клима.