Фауна / Слатководен рак

Слатководен рак

Овој вид  е вклучен бидејќи заштитата и искористувањето на истиот се регулирани со законската регулатива за рибарството. Видот се среќава во реки, езера, бари и акумулации на нископланински и високопланински места, односно секаде каде што достапноста на засолништа е голема и разнообразна. Тоа вклучува присуство на камења, корења и акватична литорална вегетација. Овој вид преферира меко дно со малку песок и вообичаено не се среќава во водни тела со тињест супстрат. Дополнително на тоа, преферира меки брегови каде што гради дупки. Потребата за кислород на ракот може да биде значително висока, што води до фактот за висока смртност во плитки, еутрофни бари за време на летните месеци. Овој вид е способен да толерира ниски вредности на калциум (2-3 mgl-1), што ниту еден друг вид на слатководните ракови не може. Оптималната температура за најдобар раст е помеѓу 16 и 240C, иако може да толерира вредности и до 280C. Дополнително на тоа, концентрации на растворен кислород под 3-4 mgl-1се непогодни за овој вид. Некои истражувања за должината на животот на овој вид рак индицираат дека тој може да живее и до 20 години. За време на зрелост, мажјаците се парат вообичаено секоја година, додека репродукциските активности на женката се вообичаено ограничени на една единствена година помеѓу периодите на полова неактивност. Оттука, бројот на сексуално активни женки може да варира и зависи од локалитетот и годината. Истражувањата имаат покажано дека овој вид на слатководен рак е особено осетлив на зголемени нивоа на нитрити во акватичните екосистеми, преку зголемено нивно внесување, особено преку испирање на почвата од земјоделските ѓубрива и може да предизвика сериозен ризик за него. Женките на слатководниот рак ја достигнуваат половата зрелост при големина од 6,2 cm вкупна должина (во локалитети каде се појавува рана полова зрелост и бавен раст), сé до големиниод 8,5 cm во вкупна должина (за локалитети каде што се појавува доцна полова зрелост или брз раст). Мажјаците постигнуваат зрелост на големини од 6-7 cm вкупна должина. Слатководниот рак Astacus astacus, е природен вид за Европа, каде што е широко распространет. Ареалот на распространување се протега од Русија и Украина на исток, Финска, Шведска и Норвешка на север, до Грција на југ и Велика Британија и Франција на запад. Неколку неодамна воведени субпопулации може да се најдат и надвор од Европа, на пример во Мароко. Појавата на овој вид во Андора, Кипар, Велика Британија, Лихтенштајн, Мароко Црна Гора и Италија е резултатна негово воведување од соседните земји. Како резултат на неговата мала густина на  популациите, во Преспа, овој вид моментално е под забрана за улов.