Преспански скобуст
Етимологија
Името на родот Chondrostoma потекнува од грчкиот збор Chondro (χονtρο) што значи `рскавица и stoma (stόµa) – уста, опишувајки ја нивната `рскавична муцка (рилка). Латинското име prespense го опишува подрачјето каде што е живее овој вид, односно Преспанските Езера.
Опис
Се разликува од другите видови од родот Chondrostoma присутни на Балканскиот Полуостров по следните карактеристики: малку свиткана уста, долната усна со тенко орожнета обвивка; 56-66 лушпи во страничната линија; 8-9/1/5-6 лушпи во попречниот ред помеѓу основите на грбната и стомачната перка; грбната перка има 8½ разгранети зраци; аналната перка има 8-9½ разгранети зраци; има 23-27 жабрени лаци. Достигнува должина од 270 mm.
Распространување
Европа: Сливот на Преспанските Езера. Како езерски вид, ги користи притоките за мрестење.
Биологија
Овој вид ги населува езерата, а навлегува во притоките за време на мрестот. Најчесто се среќава во водни тела на висока надморска височина.
Во Малото Преспанско Езеро, каде што нема ниту една притока, се мрести на каменесто дно по должината на крајбрежјето. Во големото езеро се мрести на песочните плажи и во притоките, од каде што се враќа во езерото. Миграцијата се одвива исклучиво во ноќни услови. Разможувањето започнува во април и трае до крајот на мај. Се храни со макрофити (подводни растенија), без‘рбетници и алги.
Значајност за рибарството
Релативно значаен вид.
Закани
Загрозен како резултат на црпење на вода и алохтони видови.
Мерки за зачувување
Регулација на притоките и делтите со цел да се обезбедат непречени услови за миграција за време на мрестењето.