Преспански шлунец
Етимологија
Името на родот Pelasgus потекнува од грчкиот збор Pelasgia кој претставува историски топоним за Античка Грција. Латинското име prespensis се додава за да ја опише областа каде што видот живее.
Опис
Преспанскиот шлунец е ендемичен вид на мала зракоперна риба од фамилијата на крапови –Cyprinidae. Има мала уста поставена под агол од околу 45 степени. Се разликува од останатите видови на Pelasgus по следните карактеристики: лушпите се многу мали, не се препокриваат и се длабоко всадени во кожата; има 58-73+2 лушпи кои се поставени во средно – страничната редица; има 0-7 пори по должината на страничната линија. Достигнува максимална должина од 55 mm.
Распространување
Европа: Преспанските Езера. Се среќава во мирни езерски води, речни притоки и крајбрежја со изобилие на водна вегетација.
Биологија
Преспанскиот шлунец се мрести во езерата во периодот на месеците мај и јуни, вообичаено при температура од 16-180C. Кај мажјаците предните зраци од градните перки се крути и задебелени.
Значајност за рибарството
Нема значајност
Закани
Популациите на овој вид се намалени во последните години, најверојатно како резултат на загрозеност од алохтоните видови (Pseudorasbora parva, Rhodeus amarus).
Мерки за зачувување
Селективен (мелиоративен) риболов на алохтоните видови.