Платиче
Етимологија
Името на овој вид потекнува од грчкиот збор rhodeos што значи розов и латинскиот amarus што значи горчлив.
Опис
Тоа е релативно мал вид на риба од фамилијата Cyprinidae. Воведен е во Преспанските Езера во деведесетите години на минатиот век. Вкупно дорзални боцки: 3; вкупно дорзални меки зраци: 8-10; анални боцки: 8-10, вертебри: 34-36. Опашната перка има 19 до 20 меки зраци.
Биологија
Во најголемо изобилство се појавува во мирни или слабо проточни води со густа водна вегетација и песочно – милесто дно (низински бари, канали, бавно течечки реки), каде што се среќаваат школки. Исто така се среќава и помеѓу растенија на песочни или милести дна во плитки води. Се истакнува по навиката за положување на своите икри во шуплината на школките (Unio). Се храни претежно со растенија, а во помала мера со црви, ракчиња, инсекти и ларви. Животниот циклус може да достигне до 5 години, но најголемиот број на единки не ја преживуваат годината на нивната прва репродукција. Големината на популациите значително варира од година до година. Овој вид порано се користел за спроведувње на тест за бременост кај жените. Примерок на урина се инјектирал кај женки од овој вид, па доколку овипозиторите се испакнеле, тогаш тестот се сметал за позитивен.
Распространување
Европа: сливовите на Јужно Море, јужен Балтик, Црно Море, западниот и јужниот дел од Каспиското Езеро и Егејско Море (од сливовот на реката Марица до Струма), Медитеранскиот слив (само во јужна Рајна, Франција) и сливот на реката Дрим. Во најголем дел од својот ареал на распространување видот го има во изобилство, но локално се наоѓа под закана од загадување, поради отстранување на водните треви и поради порибување со предаторни видови риби.
Значајност за рибарството
Нема значајност. Во Преспанските Езера популацијата е многу мала.
Влијание
Се меша со природните видови на риби во компетиција за храна.
Управување
Селективен-мелиоративен риболов.