Фауна / Крап

Крап

Етимологија Името на родот Cyprinus потекнува од старогрчкиот збор kyprînos (κυpρίνος - „крап“), а carpio е од латинско потекло и го има истото значење.   Опис Крапот припаѓа на фамилијата Cyprinidae, а уште се нарекува и „масна“ риба, бидејќи неговото ткиво содржи скоро 30% масти. Телото му е релативно високо и странично плоснато, покриено со релативно големи лушпи. Секоја лушпа на завршетокот од слободниот крај е темно пигментирана. Главата е ралативно мала во споредба со телото. Устата е терминално поставена и свртена нагоре. На двата краеви има два пара на мустаќи. Карактеристично за овој вид е што усните може да ги издолжува како хармоника. Дорзалната перка е висока, малку надвисена и почнува од највисокиот гребен на грбот пред стомачната перка, а завршува зад аналната перка. Опашната перка е длабоко засечена. Телото на крапот од горната (грбната) страна е темно сиво – зелено со златно – жолти страни. Бојата од стомачната страна е жолтеникаво – бела. Очите се со жолтеникава боја.   Биологија По однос на супстратот за мрестење крапот припаѓа на фитофилната група на риби (се мрести на водна вегетација). Времето за мрестење е прилично долго, а полово зрели единки се среќаваат од крајот на април (кога температурата на водата во крајбрежните области е повисока од 180C), па сé до крајот на јуни. Бројот на икрите е променлив и зависи од староста на единките и нивната тежина. Тој се движи од 30 000 до 1 000 000. Икрите се лепливи и се прицврстуваат за потопената, субмерзна вегетација, останувајќи над тињестото дно за време на целиот инкубациски период. Крапот созрева на различна возраст. Мажјаците ја достигнуваат половата зрелост во втората или третата година, додека пак женките една година подоцна. Оваа риба може да живее и до 50 години и најчесто се мрести секоја година. Крапот може да достигне должина од над 120 cm и тежина од 15 kg. Во Преспанските Езера евидентирани се единки од 25 kg, но таквите примероци се многу ретки. Подмладокот на крапот се храни со поситен зоопланктон. Како што расте станува омнивор, т.е. се храни со ситни бентосни животни, зоопланктон и вегетација. Во Преспанските Езера крапот главно се мрести во појасот на трската.   Распространетост Крапот е веројатно најраспространетиот вид риба од Азија до Европа, во води со температура помеѓу 3 и 350C. Тој е воведен речиси насекаде во светот. Се верува дека на ова подрачје е донесен пред околу 2000 години, од страна на Римјаните. Сепак, иако станува збор за воведен вид, со оглед на неговото милениумско присуство, тој денес се прифаќа како природен – автохтон вид.   Значајност за рибарство Најзначаен вид за стопански и рекреативен риболов.   Закани Најголеми закани за видот се црпењето на водата и загадувањето, како и хибридизацијата со други воведени видови.   Мерки за зачувување Строго ограничени квоти за стопански риболов и програми за порибување.   Влијание Прифатен е како одомаќинет вид со воспоставени стабилни популаци