Амур
Тоа е внесен вид од фамилијата Cyprindae. Потекнува од Источна Азија и тоа од реката Амур, па сé до Бисерната Река (Жуијанг). Широко е распространет и се среќава во повеќе од 93 земји. Живее во езера, бари, базени и застоени води на големи реки, при што преферира големи, бавно проточни или стагнантни водни тела богати со вегетација. Толерантен е на широк температурен опсег (0-380C), висок салинитет од 10‰ и ниски концентрации на кислород од 0.5 mgl-1. Амурот се храни со виши водни растенија и субмерзни (потопени) треви, детритус, инсекти и други без’рбетни животни. Претставува еден од најзначајните видови во аквакултурата, а се користи и за контрола на плевели во реки, рибници и акумулации. Се мрести во речни корита со многу силни водни струи, а во многу земји се смета за штетник поради влијанието што го има врз субмерзната вегетација. Видот е воведен во Преспанското Езеро во осумдесетите години од околните рибници.