Велосипедизам / Велосипедска патека Два Јавора- Куќа Шарбојца- Велестово

Велосипедска патека Два Јавора- Куќа Шарбојца- Велестово

Маркирана од страна на НП Галичица. Оваа рута нуди незаборавно возење низ пространите шаренолики карстни полиња на НП Галичица. На нејзе може да се надоврзат многу други патеки од преспанска и охридска страна, вклучувајки ја и „Тур де Галичица“. На м.в Џафа, при искачување на врв Крстец се појавува прекрасен поглед на Охридско езеро и Охрид. Најдобар период за возење е од месец мај до октомври. Потребна е средна подготовка.  
  • Вкупна должина: 19 km
  • Вкупна денивелација : 800 m
  • Потребно време: 2h