Планинарење и пешачење / Патека 4 – Превој Галичица (регионален асфалтен пат P504)- Магаро – Превој Галичица (регионален асфалтен пат P504)

Патека 4 – Превој Галичица (регионален асфалтен пат P504)- Магаро – Превој Галичица (регионален асфалтен пат P504)

Маркирана патека од страна на НП Галичица. Оваа патека припаѓа на строго заштитена зона во НП Галичица и потребно е однесување строго прописите од законот за строго заштитени зони во национални паркови. Теренот е од умерено стрмен до стрмен на одредени делници. Првата третина од патеката е низ букова шума, потоа по карпенест терен сочинет од различни карстни форми (циркови, валови). Планинарите ќе бидат наградени со погледот на двете езера, Преспанското и Охридското, како и на прекрасната природа со богата флора и фауна. Задолжително носење на соодветни обувки. Најдобар период за посета од месец мај до месец октомври. Потребна е средна физичка подготовка.
  • Вкупна должина: 7.65 km
  • Вкупна денивелација: 1500 m
  • Потребно време: 4h 30’